Се поставува ред во комуналната инфраструктура

 

Со цел да постави ред во комуналната инфраструктура ЈКП„Комуналец“ работи на изградба на еколошките острови

Овие места ќе се работата по сите соообраќајници и во населбите. Целта на комуналците е во наредниов период да постават дополнителни 50 контењери за ПЕТ и 50 за хартија. За да може да се добие естетски изглед, но и да се овозможи  подобар пристап на екипите кои го подигаат мешаниот и селектираниот отпад, Комуналец ќе изгради околу 180 вакви пунктови.

Контејнерите се поставуваат правилно, по еден контејнер за мешан отпад , ПЕТ и хартија. Во зависност од капацитетот на мешаниот отпад понекаде се поставуваат по два и повеќе контејнери за мешаниот отпад.

Старите контејнери се заменуваат со нови. Досега се поставени над 300  нови контејнери за мешаниот отпад, 140 за пластика и 80 контрејнери за хартија. Годинава оваа бројка ќе се зголеми уште за половина.