Одлично тргна слекцијата на отпад

 

Комуналците годинава ја продолжија селкцијата на отпад на депонијата Алинци.

Со оглед на зимскиот период вкавата директна слекција не се препорачува заради изложеност на вработените на зимските неподносливи услови. Од Комуналец велат дека дневно само од депонијата Алинци се селектираат од 350 до 400 килограми пластика. Пет амбалажата се селектира од новооднесен отпад.

Според пресметките, од контејнерската селекција месечно се селектираат од 1 до 3 тона зависно од периодот на употреба на ова селективно пакување.Летоово со зголемениот број на контејнери и добрите навики од граѓаните се очекува од дирекнта слекција на депонија и контејнерската селекција да се собираат од 8 до 9 тони пластика. Моментално Секторот за селкција собира од 8 до 13 тони хартија. Од комуналец велат дека пластиката е доста варијабилна во цената на пазарот која зависи од порастот на нафтата на светската берза, додека пак хартијата воопшто не е исплатлива зашто моменталната цена е од 1 до 1,5 ден за килограм. Но, пресметките комуналците ги бараат во намалената кубатура или габаритноста на хартијата и пластиката и наламените однесени тури до депонија , со што се заштедува на човечка рака и нафта.

За потербите на селективниот дел се изградени две хали во механичката работилница и на депонијата Алинци. Комплетниот селектиран материјал се балира со преса Воедно селекцијата мора да ја практикуваат дејностите кои управуваат со отпад, согласно Законот за управување со отпад, Националната стратегија и препорачаните директиви од ЕУ.