При крај работите на Царинскиот терминал

Со цел да им се излезе во пресрет на прилепскиот бизнис центар ЈКП„Комуналец“ - Прилеп од октомври минатата година работи на стандардизација на Царинскиот терминал.


Досега се вложени 8 милиони денари, а преостанува уште толкава инвестиција. Асфалтирани се 5000 м2, направена е нова водоводна и одводна мрежа, изведена е атмосферската вода, направено ново столбно и рефлекторско осветлување, набавена е нова 50 тонска дигитализирана вага. Со цел да се овозможи на царината да бидат на истиот простор направени се нови објекти со потребен ентериер и инвентар.

Воведена е ИПСА заштитна линија за царината, инсталиран е видео надзор со комплетно контролирање и запис инсталирано е и потребното озвучување. Направен е посебен АДР простор за опасни стоки. Во тек е поставувањето на електронските рампи и изведба на контролна кула. До на лето, планирана е и халата која мора да биде направена според царинските прописи и според првичните пресметки би чинела околу 6 милиони денари.
 
Останува да се доработи уште хортикултурното уредување, обележувањето на теренот и поситни изведби. Со оваа инвестиција која е направена согласно Законската регулатива ,прилепскиот терминал ќе биде еден од најмодерните и изграден на најголема површина во државава.

Раководството на Терминалот размислува за годинава да воведе нови дејности или постоечките да ги замени со подоходовни. Во склоп на Терминалот работат трпезаријата на Новите градски гробишта цвеќарницата и продавницата за погребална опрема.

Со новиот Закон за гробишта, Терминалот  ја доби потребната  дозвола за работа и ја превзема работата од Комуналец за превоз, ископ и закоп. Со новото преструктуирање на организационо и финасико поле Терминалот има можности во иднина да работи рентабилно, а да не се доведе во прашање ниту едно работно место.