Уште едно партерно уредување на Александрија
Новогодишните елки кој Мобимак ги подари на општина Прилеп, комуналците ги засадија на плоштадот Александрија.

Со ова се направи уште едно партерно уредување во централното градско подрачје. Доколку ги послужи среќата и елките успешно започнат да вегетираат, овој простор Комуналец планира да го користи за сопствено предновогодишно украсување. Плоштадот Александрија е изграден пред 4 години и претставува еден од најуредените естетско компактни плоштади во Македонија.

Просторот пред Центарот за култура Марко Цепенков се уредува со патека на славните. Последната фаза од комплетното уредување на Александрија ќе биде водената завеса.