Новина во извршувањето на погребалните услуги
Согласно Законот за Гробишта и погребални услуги „ЈКП Комуналец“ - Прилеп нема повеќе надлежности за извршување на погребални услуги.

Погребите во иднина ќе ги вршат овластени оператори кои ќе добијат дозвола за работа за извршување на погребални услуги. Тоа би значело ископ, закоп и превоз до гробиштата.

ЈКП„Комуналец“ - Прилеп и понатаму ќе остане да ги управува гробиштата. Тоа значи: просторно уредување и одржување на Старите и Нови градски гробишта, продажба на гробни места, извршување на градежни работи на гробиштата, целокупна евиденција на гробиштата, катастар на гробиштата и други услуги кои ќе останат во надлежност на ЈКП„Комуналец“.

Согласно Законската регулатива имателот на гробно место има обврска да плаќа месечна гробарина од 40 денари. Оваа услуга на граѓаните на Прилеп им е пресметана во сметката за комунална услуга (изнесување на смет).

Инаку, ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, годинава успеа конечно да ги стави и Старите и Нови градски гробишта во ред, по однос на хигиена, парковски уредувања и градежни работи. Доколу годинава Комуналец има финсиски средства, ќе продолжи со изградба на Капелата која сега за сега е изградена до 3 плоча и е на површина од 1800 метри квадратни.