Генерално се чисти и мие пред Нова Година
Со покачувањето на температурите Комуналците си ја зедоа работата во свои раце и започнаа со расчистување на остатоците кои зад себе ги остави  зимската служба за одржување на градските улици.

Од денска со преден млаз се  мие на повеќе собрајќајници во градов. Со цел да се опфатат со миење  повеќе реалации, Комуналец екипира поголеми групи на метачи за да стигнат да направат генералка до Нова Година.

Од Комуналец истакнуваат  дека имаат реакции од граѓани заради дневното перење на коловозите, но од таму велат дека ќе продолжат со дневно перење заради ризичноста од ниските температури во текот на ноќта и ги замолуваат граѓаните да ја подржат оваа акциа.

Покрај богатата забавна програма која на граѓаните им ја овозможија од Локалната самоуправа, Комуналците планираат до 30 декември градот да биде комплетно исчистен, за поубав и подостоен дочен на најлудата ноќ.