СВ.„Благовештение“

Парк за поврзување на Музејот на икони и Црквата СВ.„Благовештение“.

    На површина од над 1000 метри квадратни со богато партерно уредување и жардењерско оградување е пуштен во употреба паркот во центарот на градот кај цркавата  СВ.„Благовештение“ Паркот е од забавно рекреативен карактер наменет за најмладите но и повозрасните. Оваа локација децении наназад била запоставувана и служела за дива депонија иако е на најфрекветно центрлано градско место.

    На свеченоста по повод пуштањето во употреба на овој парк градоначалникот Марјан Ристески истакна дека со овој парк се поврзуваат два големи значајни и истороски објекти Музејот на Икони и Црвата СВ.„Благовештение“.