Комуналец пред снегот ја исчисти и последната дива депонија во Тризла
Партали, пластицни предмети, органски отпад и градежен шут изнесуваа комуналците изминативе месеци од Тризла.

Со цел да направи чиста и здрава животна средина Комуналеците пред снегот ја исчистија и последната Дива депонија во населбата Тризла.

Во оваа населба од јуни годинава се спроведуваа континуирани акции за чистење на населабата. Се исчистија повеќе локации на кои несовесните граѓани со текот на годините направиле депонии од мешан отпад.

Од Комуналец се надеваат дека граѓаните ќе покажат поголема грижа спрема животната средина и се надеваат дека конечно ќе започнат сметот да го собираат во садови, а Комуналец ќе го транспортира до депонијата Алинци.

Покрај дивите депонии се исчистија и повеќе улици во Тризла, а темелно се исчисти и коритото на реката Дабничка и непосредната околина.