Се отворија затнатите со години испусти во градската река
Испустите во реката од старата канализациона мрежа со години создаваа поплавување на тревнатата површина од речното корито.

Испустите излегуваат од зиданото камено корито и се стар проблем кој секогаш создава проблем. Покрај ова се исчистија и ивчниците од канализираното корито.

Инаку градската река се одржува беспрекорно од страна на Комуналец. Се врши неделно косење на тревнатите површини, а последното косење се извршува пред зимата. Годинава, Комуналец изврши поголемо чистење и на речното корито кое не е влезено за чистење со општинскиот оперативен план. На потегот од влезот на Дабничка река со Оревоечка се чистеше шамак, троскот и мешан отпад кој го создаваат несовесните граѓани.

Сега градските реки Оревоечка и Дабничка се исчистени комплетно, што ќе донеси зимата, зависи од свеста и совеста на граѓаните кои и покрај апелите за чист и уреден град, сеуште се однесуваат несовесно и ја затрупуваат градската река со најразноразен отпад.