Чачорица

За една недела од неговата најава,комуналците го привршуваат паркот во населбата Чачорица.

    Таму се гради парк со различни забавно и рекреативни површини на 1000 метри квадратни. Досега во оваа неурбанизирана прилепска населба  не е инвестирано воопшто во делот на зелени и рекреативни површини. Дополнително до паркот е спроведена и водоводна мрежа  за што се потрудија и жителите, и изградиа сопствена чешма.

    Директорот на Комуналец Златко Ристески,  вели дека трендот на подигање на нови парковски површини го продолжуваат.

    Ваков парк во оваа населба ке се гради и кај Царинскиот Терминал.