Вандализам на Могилата и на двосмерната Петта прилепска

Во 5 дена напревени огромни штети на два уредени паркови во градов.

Непознати сторители извршија уништување на урбаната опрема на двосмерната Петта прилепска и во Паркот на Револуцијата.

На двосмерната Петта прилепска искршени се клупи и корпи за отпадоци.Штета е направена и на контејнерите за мешан отпад и за пластика. Извршено е уништување на над 30-сетина канделабри  и  светилки на Могилата како и уништување на преносните системи од стлбовите за светилки. Сликата на ваквите уништувања е за секоја осуда. Расфрлани и уништени канделабри, оштетени фасонки и светилки,слика за секоја осуда.

Градоначалникот Марјан Ристески реагираше на овој вандалски чин и ја осуди секоја постапка од несовесните граѓани кои го уништуваат општото добро на градот.
-Ова не е уништување за некоја материјалана корист , ова е унштување со цел да се нагрдат убавите проекти кои ги работат Локалната самоуправа и Комуналец. Се надевам дека сторителите ќе бидат пронајдени и изнесени пред лицето на правдата. Правиме се како Локална самоуправа да ги задоволиме потребите на граѓаните, да направиме од Прилеп убаво и Евроски оринетирано место за живеење. Но, понекогаш,кога по трудот ви посегаат на вандалски начин, неможете да останете рамнодушни, а да не осудите.

Што и да сторат, нема да не спречат Прилеп да го развививаме и урбанизираме. Ги замолувам сите добри и совесни граѓани да ни помогнат во заложбите и доколку имаат информации да се обратат до нас - вели градоначалникот Ристески.

Од Комуналец се лути на ваквите постапки на одредени граѓани, зашто сработеното и убавото го преработуваат по неколку пати и трпат материјални штети. И покрај сите уништувања , заложбите на Локалните власти за убаво уреден и чист град ќе продлжат и понатаму.

Објавениве слики нека им служат на честа и совеста на сторителите.