Во чест на Тоше се засадија 26 јапонски цреши
По иницијатива на ЗЕЛС во 32 општини во Македонија се засадуваа Јапонски цреши во чест на поп иконата Тоше Проески.

Во Прилеп, црешите се засадија во паркот во центарот на градот. Црешите се засадени така што ќе претставуваат една заокружена парковска целина. Од многуте простори кои беа предложени  се одбра оваа парцела со цел да се даде поголемо значење на младиот и никогаш незаборавен Тоше.

Во негова чест садниците ги засадија младите прилепчани, како и градоначалникот Марјан Ристески. Своја почит  со засадување му оддадоа и пратениците, јавни личности и случајни минувачи.

Од Комуналец кој треба и да ги одржуваат овие садници велат дека на нив ќе обрнат посебна нега и  внимани , а преку тоа сакаат да се оддолжат спрема Тоше кој остави силен емотивен, културен, музички и креативен напредок на Македонија и Прилеп.