На самот на градовите, Прилеп се претстави со сите реализирани и идни проекти
Во организација на ЗЕЛС, по петти пат се одржа самот на градовите од Македонија.

На годинешниов саем учествуваа над 50 општини. Локалната самоуправа на модерен и естетко декориран штанд, се претстави со сите свои сегашни и идни проекти. Со флаери, паноа, билборди, со видео презентации за се што е сработено и реализирано  од сите области на опшсетвеното живеење, прилепскиот штанд беше еден од најпосетените.

Штандот, го посетија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, Премиерот Никола Грувески, како и Дипломатскиот кор во Републикава.
Со цел да ја збогати својата промоција, Локалната самоуправа го ангажираше младиот естраден уметник Денис Димоски, кој со пола часовна програма успеа да ја крене на нозе присутната публика во првата хала на Скопското сајмиште. Покрај својот репортоар и новата песна и спот, Денис публиката ја воодушеви со кампањската песна „Градски рај“ снимена специјално за кампањата „Собирај ПЕТ , за подобар свет“, за која е изработен и спот на повеќе реализирани проекти низ Прилеп.

Како промотор на општината младата звезда на бината истакна дека е горд што дога од град кој забрзано се урбанизира и модернизира , но е уште погорд на својот градоначалник Марја Ристески, кој нештедејќи се од Прилеп создал град во кој многумина би посакале да живеат.

Со свои прокети се претстави и ЈКП„Комуналец“ кој изминативе 4 години создаде огродмен број на нови прокети од сферата на своето работење. За сите посетители на прилепскиот урбан штанд беа обезбедени промотивни материјали и подароци од стопанските субјекти од општинава.