Денот на дрвото го подржаа и одбележаа и комуналците

Вработените од ЈКП„Комуналец“ за Денот на дрвото засадуваа садници над с. Селце.

На оваа локација се посадуваше бор и багрем. Локацијата е одбрана за задување од иницијативниот одбор, заради уништувањето на тамошната шума со неконтролирано сечење.Комуналците излегоа на терен во предвидениот термин и за два часа ораниците беа засадени со предвидените дрвја.

Од првата акција за засадување на дрвја комуналците го поддржаа Денот на дрвото но и сите акции кои се однесуваат на чиста и зелена Македонија.

Покрај на Селце, една помала група засадуваше туја и чемпреси и на Могилата на Непобедените.


Од Комуналец со апел до граѓаните колку што можат повеќе да засадуваат дрвја во градското подрачје, единствено велат дека во ниеден случај да не се засадуваат тополи заради нивниот висок раст кој претставува проблем за сечење во населено место.