Најмодерниот терминал Во Македонија

Во Новата Година ДООЕЛ„Терминал“-Комуналец ќе биде Најмодерниот терминал Во Македонија.

Согласно новата Законска регулатива, а со цел да се создадеме услови за стопанството, како општина и јавно комунално претпријатие решивме да инвестираме во Царински Терминал, истакна градоначалникот Ристески на средбата со вработените од Комуналец и новинарите.


Според планот на динамика на работата кој беше доставен до Царината на Р. Македонија досега работите се одвиваат според предвиденото со апсолутно запазување на рокови. Асфалтирани се 5000 метри квадратни за потребите на царината, шпедитерски услуги и паркинг простор. Изградена е канализациона мрежа за фекални и атмосферски отпадни води. Изградени се нови простории за потребите на царинските службеници и според бараните Законски норни приспособени се старите градби за сместување на персоналот од Терминал.
Поставена е нова електрична мрежа со светлосни столбови, а во тек е поставувањето на светилките. Направена е и претоварна рампа и набавена  дигитализирана вага, како и стражарница со подвижни рампи. Во тек е набавка на  4 монтажни куќи според бараните стандарди.

Останува да се изгради магацинскиот простор за сместување на стоки за царинење со површина од 400 метри квадратни и да се изврши оплеменување на просторот со хортикултурно уредување.

Ова го правиме во кризно време со цел да им помогнеме на стопанствениците кои неможат да создадат соптвени услови за внатрешно царинење, тоа значи во кругот на фирмите, што е пропишано со новита Законска регулатива, истакна директорот на ЈКП „Комуналец”.

Оваа капитална инвестиција ќе се користи како царински Терминал додека фирмите не создадат внатрешни услови, а потоа Комуналец ќе ја користи за своите потреби по дејности.