По сите стандарди се гради Царинскиот терминал

На површина од над 4000 илјади метри квадратни Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“  отпочнаа со градежните работи во постоечкиот Терминал. Со оглед на новите Законски нормативи со новите вложувања Терминалот треба да ја добие Дозволата за работа и да му овозможи на прилепското стопанство складирање и царинење во најсовремени услови.

Градоначалникот Марјан Ристески вели дека со изведбата на овој капителен проект, Прилеп ќе докаже дека може да се носи со новото време, при тоа почитуваќи ги сите Законски стандарди кои ги предвидела царината. Сепак овие вложувања ке бидат краткорочни со оглед на тоа што царинењето во блиска иднина ќе треба да го превземат стопанствениците и царинењето да се врши во кругот на стопанските субјекти.

Но, дотогаш, со цел да се надмине транзициониот период и фирмите да создадат услови за внатрешно царинење, Локалната самоуправа им излегува во пресрет на стопанствениците. Откако ќе се случи Терминалот со оглед на Законските нормативи да престане да работи , сите капитални вложувања ке ги користи Комуналец за своите потреби во различните дејности.

Во Терминалот веќе е поставен нов асфалт на површина од 3000 метри квадратни, се градат новите царински простории, воедно ке се вложува во хала за складирање, нов надзорен и контролен систем, електронски рампи, контролна кула, електронска вага, ново осветлување и др.

Од Комуналец велат дека комплетното модернизирање и усовршување на Терминалот ке заврши кон крајот на јануари.