Како да се користи претпристапната европска помош
   Во организација на Стопанската комора за комунални дејности и ЈКП „Комуналец“ - Прилеп во хотел „Кристал палас“ се оддржа состанок и предавање на тема „Како можат да се косристат средствата од претпристапните Европски фондови“. На предавањето учествуваа над 30 сетина Јавно комунални претпријатија од државава.

   Средбата ја отвори градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески кој покрај другото истакна:
„Во поглед на ова можам да кажам дека како земја кандидат за членство во ЕУ, сите наши заложби, напори и реформи се насочени кон достигнување на стандардите на Европската унија и исполнување на критериумите за членство. Дека сме на добар пат покажува и позитивниот извештај што го добивме од страна на ЕУ. Процесот на пристапување кон ЕУ од секоја една земја кандидат бара одредени подготовки за иднината што следи. Со цел да им помогне на земјите кандидати, како и потенцијалните земји кандидати, во нивните напори за подобро рабирање како функционира Унијата и за полесно прилагодување, Европската Унија го стави на располагање Инструментот за предпристапна помош (ИПА) со што се дава можност за адаптирање на државните политики, правила и прописи на земјите, при самата подготовка за членство“.

   Директорот Златко Ристески им се заблагодари на присуството на колегите од цела Македонија и рече: „Во периодот што следи треба да се насочиме кон мобилизирање на сите ресурси на локално и централно ниво кон што поуспешно искористување на средствата од ИПА фондовите и нивно насочување кон достигнување на нашите приоритети, зошто само на тој начин ќе можеме да ги достигнеме стандардите на ЕУ и да станеме рамноправни со европските општини“.

   Предавач преку презентација  беше Јадранка Аризанкоска виш советник за ЕУ програми која во целост ја презентираШе програмата ИПА. која вклучува  многу нови концепти, како повеќегодишно програмирање, стратешко планирање или зајакнување на регионалните власти и локални тела (Локалната власт и Јавните претпријатија). Оваа поширока рамка им дава на земјите-кандидати, поголем простор да ги развиваат сопствените економии и институции, а воедно да ги градат и јакнат претприемачките и административните капацитети. Значи со ИПА се надминуваат конвенционалните граници, така што инфраструктурните инвестиции се комбинираат со мерки за зголемување на конкурентноста, иновацијата и создавањето на работни места.