ул.„Мице Козар“

Кај Педано два парка..

    ЈКП „Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа, заврши со изградба на поголемиот забавно рекреативен парк на ул„Мице Козар“.

    Паркот е опремен со детски реквизити, клупи за одмор и починка и  хортикултурно уредување. Заради потребите, а со цел поголема заштита на пешаците, околу паркот Комуналците изградија и пешачка зона.

 

 

    Од Комуналец велат дека трендот на изградба на вакви паркови ке продолжи поинтензивно и догодина. Од другата страна на улицата Мице Козар се привршува уште еден уреден простор, со што оваа локација попозната како кај Педано, во целост ке претставува урабанизирано катче.