Отворен паркот на кракот од улицата Мице Козар
На свечен начин, во присуство на жителите од населбата Тризла беше пуштен во употреба паркот на кракот од улицата „Мице Козар“. Ова е трет парк на оваа урбанизирана улица, а 6-ти во населбата Тризла. Маалските паркови ги гради Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на барање на граѓаните.
Претседателот на Советот на општина Прилеп, Димитар Стевананџија изрази голема благодарност до вредните комуналци кои со ваквите маалски паркови им создаваат подобар и поорганизиран живот на прилепчани.

Маалските паркови се препознатлив белег на Прилеп, рече на отворањето директорот на ЈКП„Комуналец“,Златко Ристески, кој до присутните упати апел, да ги чуваат овие мали забавни катчиња, со цел градот да го задржи приматот на најчист и најорганизиран град во Македонија.