Започна есенската акција за сечење проблематични дрвја
По увид и издадени решенија од општинската комисија за сечење и отстранување на проблематични дрвја, комуналците ја започнаа есенската акцијата од ОУ„Добре Јованоски“ и градинката „Наша иднина“.

Таму се сечат проблематични стари многугодишни дрвја. Дел од нив се сечат од корен, дел се оставаат трупци со цел да развијат млади фиданки, а на одредени се сечат само сувите гранки.

Оваа големо кастрење се прави по барање на градинката „Наша иднина“, со цел да се обезбеди сигурност за дечињата, но и за околните куЌи каде одередни дрвја беа надвиснати над домовите од жителите. Освен во населбата Тризла, есенва ќе се сечат и исушените дрвја во централното градско подрачје, на улицата Александар Македонски и на неколку Јавно прометни површини каде големината на дрвјата претставува опасност по имотите и животите на прилепчани. Ваквите кастрења бараат и посебна механизација, која во моментов Комуналец ја нема, па затоа операцијата ја извршува со изнајмена корпа.

Златко Ристески, директор на ЈКП„Комуналец“ вели дека иако операцијата за сечење е скапа работа тие ќе продлжат и годинава да ги отстрануваат проблематичните дрвја со цел да се намалат несаканите последици од непредвидено невреме или други појави.

Практика е изминативе 4 години да се прават пролетни и есенски акции за кастрење за да се реши проблемот со застарените и проблематични дрвја во градот.