Се работи на повеќе улици со ангажираните проектни работници
Со несмален интензитет продолжуваат работите за уредување и чистење низ градов. Дополнителните работници кои се ангажираа со Владините проекти работат на повеќе локации во градов.

По асфалтирањето на улицата „Мице Козар“, Комуналците работат на левата страна од улицата каде суште нема тротоари. Комуналците изведуваат копање и рамнење на тротоарите со цел на пешаците  да им се овозможи безбедно движење, но и оваа улица да добие убав изглед.

Од улицата Мице Козар воедно се расчистија и неколку диви депонии.

На Мице Козар се изградени и три маалски паркови. Со ваквите зафати оваа улица е една од најубавите улици во градов.