Новите и Стари гробишта исчистени и уредени
Покрај беспрекорното одржување на градската чистота, Комуналците годинава силите ги насочија на генерално чистење и уредување на Новите и Стари градски гробишта.
Во Старите градски гробишта се уредуваат парцелите, се изнесува непотребниот и натрупан камен со години и се изведуваат бехатон патеки за побезбедо движење на грaѓаните.
Воедно се воведува и инсталациона водоводна мрежа за изградба на чешми. На Новите градски гробишта сите одводни и ободни канали во и околу гробиштата се исчистени, поставени се корпи за отпадоци, контејнери за мешан отпад и пет амбалажа. Старите кнаделабри се комплетно обновени, а се поставува и ново осветлување на главните патека.

Покрај ова,хортикултурно се обновува главната патека со засадување зимзелени и урасни  растенија, озеленување на површините и оградување. Изведени се и повеќе бехатон и земјени патеки со цел да им се овозможи на граѓаните побезбеден пристап.

Она што го ветија од Комуналец го исполнуваат. Се одржува поединечно секое гробно место. Од Комуналец  велат дека  иако е есен не дозволуваат да останат лисјата по гробовите и парцелите како некогаш. Затоа моментално силите се насочени да се расчистуваат парцелите од есенското лисје.

Од Комуналец ги информираат граѓаните дека ќе започнат со поголема акција за кроење на дрвјата . Оваа акција ке се извршува со цел да се заштитат грбните споменични места. Некои од дрвјата достигнале  преголема висина, па за да не настанат оштетувања ке се врши кастрење.

Од Комуналец апелираат до граѓаните пред да засадуваат дрвја да се консултираат со стручните лица од гробиштата, со цел да не се засадуваат дрвја кои воопшто не доликуваат за засадување на вакви места.