Проект за селекција на хартија
ЈКП„Комуналец“ во соработка со Локланата самоуправа започнаа со поставување на контејнерите за селекција на хартија. Се планира во првата фаза да бидат поставени 100-тина контејнери за хартија.
Ова го правиме со цел да ги запазиме европските стандарди за правилно третирање на отпадот , согласно Националната стратегија за управување со отпад – вели директорот Златко Ристески.

Со поставувањето на контејнерите за хартија и поставените 100-тина контејнери за пластика, 400 тината нови контерјнери за мешан отпад, Прилеп е еден од ретките градови каде  има поставено целосна комунална инфраструктура за селекција на отпад. Контејнерите за хартија се во плава боја и со прописни поставена порака за селекција на хартија.

Од Комуналец се надеваат дека граѓаните ќе ги подржат кампањите за селектирање на пластиката и хартијата. Покрај селекцијата која ја вршат граганите со цел да се заштити депонијата Алинци , таму се врши директна слекција и на хартија и на пластика.

Моментално Прилеп селектира 4 тона месчно пластика. За споредба, градот Скопје селектира исто толку пластика со осум кратно поголем број жители. Според комуналците селектирањето на хартија е економски неисплатлива. Но, правилата на игра се поставени и без оглед на тршоците од Комуналец се децидни дека хартијата мора да се селектира.