Предлог барања за поефикасно работење
Во организација на Стопанската комора на Македонија, Јавните претпријатија од сферата на комуналните дејности, водоводните претпријатија и пазарите, оддржа состанок со цел да ги изнесат проблемите за обврските и побарувањата  за социјалните фамилии кои воопшто не ги плакаат сметките, државните и стопанските субјекти кои со години не ги подмируваат обврските, ниската цена на услугите, застареноста на возниот парк и други предлог мерки со кои треба да се настапи пред Владата, со што би им се помогнало на Јавните претпријатија за поефикасно работење.

На состанокот претставниците од Јавните претпријатија дискутираа за слабата наплата од  физичките и правните лица, со што, фирмите се доведени секој месец да кубурат со пари. Според прибраните информации од 37 јавни претпријатија просечната наплата на ниво на Македонија е 54,8 %.

Најголемиот долг комуналните претпријатија го имаат кон Управата за јавни приходи или само 37 претпријатија борчат над 261 милион денари. Од друга страна пак, државата им  бара ДДВ и од воопшто ненаплатените пари. Неможноста пак  да се инвестира и да се модернизираат претпријатијата им ја отежнува работата и услугата кон граѓаните – ова беа  изнесените  детектирани проблеми.

Со цел да ги надминат проблемите на состанокот беше покрената иницијатива, Владата да најде социјална програма за семејствата кои примаат социјална помош, на кои им се фактурират побарувањата а не ги плаќаат, при што, на Јавните претпријатија само им се натрупува ДДВ од извршена услуга а ненаплатени побарувања.

На крајот беа констатирани и изнесени заклучоци со кои ке се бара средба со Министерот за труд и социјална политика, преку Владата да се најде социјална форма за наплаќање на долгот од социјалните семејства.

Според присутните директори на состанокот, констатирано беше дека сите Јавни претпријатија кои смогнале сили и ги одвоиле дејностите на Водоводни претпријатија, Пазари и Комунални дејности работите тргнале на многу подобро. Како успешен пример  беа посочени трите Јавни прилепски претпријатија кои безбелно го поминаа процесот на одвојување.