Комуналец набави нова преса за пластика и хартија

Со цел да го продолжи континуитетот за правилно собирање и третирање на Пет амбалажата, Комуналец набави нова преса со што на работниците кои работата на селекција на комерцијалниот отпад ќе им се олесни работата.

Иако Комуналец нема некоја голема рачуница со овој Прокет, тие се упорни проектот да успее. Воедно во механичка работилница се изработува нова количина на контејнери за Пет амбалажа. Моментално пластиката се селектира по боја, се пресира, балира и се транспортира до купувачите.


Според директорот Златко Ристески моманталната цена на пазарот неможе да ги покрие трошоците, но со оглед на стандардите кои се наложени од страна на ЕУ, Комуналец е решен да ги испочитува сите правила. Воедно од Комуналец велат дека со овој Проект се прави заштита на животната средина, и се овозможува и на депонијата Алинци да има подолг век на траење.

Според светските истражувања едно шише исфрлено на депонија се разложува од 600 до 1000 години. Комуналците се преблагодарни на граѓаните кои ја сфакаат целта за собирање на пластика. Во одредени населби веќе воопшто не се меша пластиката со мешаниот отпад.

На ред е Проектот за собирање на хартија кој ке започе од 11 октомври. Со овој прокет ке бидат опфатени поголем број на трговски дукани, населби и институции.