Технолошка вода

„Технолошка вода“ - проект на Комуналец и Локалната самоуправа.  

Летово парковите во Прилеп за прв пат ке се вадат со бунарска наместо со вода за пиење. Јавното комунално претпријатие од Прилеп во соработка со Локалната самоуправа избушија 10 бунари. Првиот е на плоштадот Александрија, а два се на Паркот на Револуцијата од кои едниот е на длабочина од 96 метри. Избушени се бунари во населбата Димо Наредникот, на улицата „5-та Прилепска“, во механичка работилница за потребите на механизацијата, уштее ден во центарот на градот позади рекламите и три во населбата Точила. Но Комуналец не застанува тука за годинава се предвидени уште неколку градски локации каде ке се проба да се извади подземна вода која ке се користи за полевање.Со овие бушотини градов си обезбеди на 60 сети литри, технолошка вода во секунда.    Со бунарите ке штедиме вода за пиење и ќе ги намалиме  нашите трошоци за полевање. Можеби почетно инвестицијата е скапа, но таа има еколошки и економски предимства на подолг рок - вели за овој голем Проект директорот Златко Ристески.

     Следен чекор на Комуналците ке биде инсталирање на пумпни станици и инсталкациона водоводна мрежа за наводнување низ парковите, со што се оланира да се заштеди на работна рака.