Интензивно се чистат проблематичните делови од градските реки
Градското речно корито кое врви низ центарот на градот со површина од 35 илјади метри квадратни се одржува беспрекорно. Таму еднаш неделно се врши косење, а чистењето е секојдневно.
Со цел Комуналец и Локалната самоуправа да им овозможат подобра услуга и чиста животна средина со Владините проекти се чистат проблематичните делови од Дабничка и Оревоечка река. Трска, троскот, трева и разновидно ѓубре чистат комуналците на потегот од рачвата на двете реки до Градскиот базен и од Населбата Димо Наредникот до железничката пруга. Ова чистење на речното корито е предвидено да трае 6 месеци.

Овие делови од речното кои се неубава слика на градот ќе се решат со општинскиот проект за канализирање на речното корито. Канализирањето и изградбата на потпорните камени зидови е започнато годинава и е процес кој ќе трае повеке години. Но, само на ваков начин ке се реши проблемот на речното корито. Комуналците и по заврувањето на проектот, велат дека ќе продолжат да ги одржуваат речните корита со постојаните вработени.

Инаку само за проектот речно корито се ангажирани 27 сезонски реботници преку Владата на РМ.