По втор пат годинава се чистат диви депонии
Од 6-те опшстински проекти кои ги доби Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Владата, два се однесуваат на чистење на Диви депонии од градежен шут околу градот и еден на чистење на диви депонии од мешан отпад во Ромската населба Тризла.
Иако само пред една година сите Диви депонии околу градов беа исчистени, со Владината акција преку Министерството за транспорт и врски, заради несовеста на поедини граѓани, Комуналец повторно ќе ги чисти.

Станува збор за околу дваесетина локации каде ќе се чисти, а кои освен градежен шут содржат и разноразен друг цврст отпад. Според првичните предвидувања Комуналците треба да исчистат над 400 кубни метри градежен шут и околу 100 тина кубни метри мешан отпад со вториот прокет, а кој се однесува на ромската населба Тризла.

Целиот процес заради обемноста на чистењето на дивите Депонии ќе трае неколку месеци, по ова на ред се граѓаните и нивната совест.