Повторно се чисти Дабничка река
Проблемот со речното корито на Дабничка река никако да се реши. Иако Локалната самоуправа и ЈКП„ Комуналец„ редовно еднаш годишно врши темелно чистење на речното корито, тоа повторно се засипува од поедини несовесни граѓани.
Темелно се врши  чистење на коритото на Дабничка река од Тризла до Касарната. Столици, јоргани, кофи, отпадоци од храна па дури и мрши од  животни исфрлаат несовесните граѓани.

Од денеска комуналците повторно се во реката и вршат чистење на речното корито. Работата не е ни малку лесна за комуналците. Заради специфичноста на теренот и на работотата, пред се се внимава на сигурноста на работниците.

По ова чистење кое ќе го извршат комуналците на ред се граѓаните од населбата Тризла да покажат поголема почит спрема животната средина..