Се пресече чаршиската 35 метарска топола

Една од најстарите и највисоките тополи во градов, комуналците ја пресекоа.

Веќе една година оваа топола претставуваше опасност по имотите и животите на граѓаните. Иако ризична операција, сечењето и транспортот помина во ред.

35 метарска топола, рамна по раст со градскиот саат, препознатлива и по староста и по локацијата претставуваше симбол на градов.

Дуканџиите од старата чаршија велат дека оваа топола била стара над 70 сетина години.  Тополата пред една година беше бележана како ризична од општинсктата комисија за сечење дрва на Јавно прометни површини, но  се пресече  најитно, затоа што минатата недела беше удрена од гром. По пријава од граѓаните, комуналците веденаш излегоа на лице место.

Слободан Киселоски – адвокат од чаршијата жали што едно долгогодишно дрво го нема пред неговиот дуќан, но од друга страна е среќен заради  опасноста која повеќе нема да демни над неговата глава.

Заради безбедност и естетски изглед од комуналец апелираат во иднина да се внимава и да на се засадуваат дрвја со висок раст.
Годинава, по решение од опшинската комисија комуналците извршија сечење на неколку проблематични 30-сет метарски тополи кои претставуваа опасност по животите и имотите на граганите.