Темелно се чисти населбата Варош

ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, деновиве со засилени екипи работи на темелно чистење во населбата Варош.

Посебно внимание се посветува на  со години неуредините  гробишта.

Купишта смет, сува трева и градежен шут, деновиве изнесуваат комуналците од населбата Варош.

Со работници од Проектите кој ги одобри Владата на Република Македонија се чистат и старите Варошки гробишта. Таму се изврши комплетно косеење и чистење во гробиштата и непосредната околина. Воедно се изври и кроење на дрвјата и грмушкастите растенија.


Од Комуналец велат дека во рамките на нивните финансиски можности наредниве месеци ќе посветеле поголемо внимание на населбите.

Покрај ова се врши и чистење со косење по туристичката патека Крали Марко од мултимедијалното плато до Манастирот Свети Архангел Михаил. Овој дел Комуналец го оддржува во рамките на своите можности,но наредниов период со проектните активности ќе се одржува редовно, со цел уреден, чист и афирмативен Варош.

Со овие активности во многу ќе се придонесе странските туристи да можат да уживаат во убавините и историското богатство кое го нуди оваа приградска населба. Од Комуналец апелираат до Варошани да им помогнат во заложбите за чист и репрезентативен Варош.