Започна миењето на главните сообраќајници

Со затоплувањето на времето „Комуналец“ започна да ги мие главните сообраќајници во градов. Се информираат граѓаните дека миењето на улиците ќе се одвива од 06.00 часот наутро, па се до пладневните часови. Граѓаните да бидат стрпливи, посебно возачите на автомобили, зашто оваа операција ќе потрае подолго време, се додека улиците не бидат комплетни исчистени од остатоците од зимското одржување и наталожената прашина.

Од оперативниот оддел на „Комуналец“ велат дека оваа операција не е можно да се извршува во ноќните часови заради ниските температури и мрзнењето. Разбирливо е да се јавува одредена нервоза кај граѓаните, но истите треба да се воздржат од реакции спрема вработените од „Комуналец“ зашто првото миење во зимски услови и генералното чистење на градот е најтешката операција за нив. Генералното чистење ќе се одвива месецов по Програмата за работа, која предвидува извршување на повеќе оперативни работи, со цел да се постигне висок степен на чист град и здрава животна средина.

Можеби ќе ви се допадне