Засаден платан околу надвозникот кај Салида

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, засади дрвја платан околу надвозникот кај Салида. Оваа локација е одбрана за засадување за да се заштити дивиот влез кој го користат превозниците за исфрлање на разноразен отпад на оваа локација, за подобар визуелен изглед околу надвозникот и придонес кон зачувување и заштита на животната средина.

Засадени се 25 платани, и се надеваме дека овие садници нема да бидат мета на корнење, уништување или крадење.

Да се надеваме!

Можеби ќе ви се допадне