Се чистат камените sидови од Дабнички канал

Моментално се чисти најпроблематичниот дел од Дабнички канал, кај зградите во населбата Вишне, поточно, на непристапниот терен зад импровизираните гаражи. Овој дел од речното корито, подолго време е обраснат со трње и шипови, зашто многупати бил оставан во редовните годишни чистења на каналот, токму заради гаражите, каде неможе да се пристапи со механизација.

Со цел да се исчисти целото корито заради подобар визуелен изглед, но и да се добие подобар проток на надојдена вода при поројни дождови, вработените од Комуналец со рачен алат, и со крајни напори, чистат зад монтажните гаражи.

Инаку, во план е да се исчистат комплетно камените зидови од коритото, и понатаму тие да се одржуваат тековно во месецот, за да не дојде до повторно нивно обраснување.

Можеби ќе ви се допадне