Се подготвува терен за изградба на парк со детско игралиште во Ерековци.

Според кажувањата од жителите од Ерековци, на ова место кое беше ливада, а сега ораница и на кое место се подготвува теренот за изградба на парковска површина, имало парк пред повеќе од 30 години во поранешната заедничка Југославија. Паркот бил со најразновидни содржини, но со тек на времето од него не останало ни трага.

По барање на жителиете од Ерековци, паркот ќе го изведува ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, со финсиска помош од Локалната самоуправа и донација од месното население.

Можеби ќе ви се допадне