Ново детско катче за најмладите на Могилата

Од денеска започна да се уредува просторот кај таканаречената мала бина во паркот на Могилата, кој целосно ќе прерасне во детско катче за најмадите. Се поставуваат детските реквизити за забава кои ги обезбеди „Пакомак“, а се донација за Општина Прилеп, по прогласувањето на г-динот Илија Јованоски за најуспешен градоначалник во областа на екологијата и заштитата на животната средина на ниво на држава.


Покрај детското игралиште, комплетниот простор од сопствени средства ќе го уреди ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа. Поставена ќе биде нова урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци во истиот стил како и детските реквизити. Се изработуваат и дополнителни играчници за деца, направени исклучиво од природни материјали, а целиот простор е замислен да биде една зелена и убава цветна градина. Уредувањето на комплексот ќе заврши за 15 дена и ќе биде вистинско место за уживање како за најмладите, така и за нивните родители.

Можеби ќе ви се допадне