По барање од ЈП за ПУП се кастрат и обликуваат дрвјата ул„Петта прилепска“

Се кастрат и обликуваат дрвјата вдолж улицата „Петта прилепска“, со цел безбеден и сигурен патен градски сообраќај. Со набавката на новите автобуси од страна на Локалната самоуправа и редовната линија на овој патен правец, се јави потреба од високо кастрење на дрвјата.

ЈП за ПУП поднесе Барање до Локалната самоуправа, од каде до „Комуналец“, е проследено Решение за високо естетско обликување на дрвјата. По увидот од стручните лица од ЈП за ПУП и „Комуналец“, констатирана е потреба од кастрење на гранките со цел да не дојде до каросериско оштетување на новите автобуси.

Некои од граѓаните од населбата реагираа на раното кастрење на дрвјата, посебно што дел од дрвјата се од сортата орев, но истите треба да разберат дека ова се прави за заеднички интерес на сите граѓани.
Оперативниот оддел од „Комуналец“, информира дека работата ќе ја завршат во најкраток можен рок и дека на оваа улица од 8 септември ќе може непречено да сообраќаат и новите градски автобуси.

Можеби ќе ви се допадне