За 2 недели, 13 домаќинства се обратиле до „Комуналец“

13 домаќинства ги искористиле бесплатните услуги од „Комуналец“ за собирање и транспорт на друг вид на категории на отпад, освен градежен шут, за кој се наплаќа услугата со нарачка на контејнер од 5м3 или трактор од 2м3.

Но, и покрај најавата од „Комуналец“ дека за граѓаните бесплатно ќе подига габаритен отпад од домаќинствата, сепак, фотографиите говорат дека сеуште немаме навика да ги користиме услугите и дане го нагрдуваме изгледот на градот и за без пари. И понатаму, некои од граѓаните отпадот го оставаат до контејнерите, или пак, во контејнерите за селекција на отпад од пакување.

Граѓаните потребно е само да се јават на телефон 048/428 992, да остават лични податоци кој вид на отпад го поседуваат и во која количина е истиот. Отпадот се подига секој четврток од дворовите или влезовите.

Бесплатна услуга се врши за следниве категории на отпад: габаритен отпад, во кој спаѓаат (мебел од текстил и дрво, теписи, јоги, постели, а во поголеми количини и постелнини, јоргани, ќебиња. Биоразградлив отпад: (отпад од кастрење на огради, кастрење на дрвја, сечење на дрвја во поголеми количини).

Со воведувањето на посебен ден(секој четврток) за организирано собирање и вклучување во интегрираната шема за собирање на посебни категории на отпад, „Комуналец“, ја подобрува услугата кон граѓаните, а воедно ќе спречи неконтролирано исфрлање на габаритен отпад во природа и заштита на животната средина.

Можеби ќе ви се допадне