Повторно се чистат дивите депонии по колскиот пат за Дабница

Над 40 м3 исчистен е отпад од неколкуте диви депонии по патот за Дабница. Овие диви одлагалишта на отпад се исчистија на почетокот на месец мај, но за кратко време, за жал сликата беше повторно иста. Од месното население од населбата „Тризла“, регираат за честото исфрлање на отпад на овие диви депонии, посебно по колскиот пат, заради што на граѓаните им се отежнува пристапот до нивите.

Со цел да ја подобри услугата, но и да се изврши едукација на населението, денеска екипи од ЈКП „Комуналец“ беа на терен во населбата „Три багреми“, каде на населението им беше потенцирано дека во одреден ден од неделата ќе поминува возило за подигање на отпадот, со што, жителите, без оглед на количините или видот на отпадот, ќе можат да го одлагаат во еден ден, кога ќе бидат присутни екипи од Одделението за собирање и транспорт на отпад.

Менаџментот од Комуналец, прави крајни напори да се направат различни варијанти на собирање на отпад од одредени делови од населбата „Тризла“, прилагодени на конфигурацијата на теренот, пристапноста и бројот на жители. Потребна им е само соработка со месното население, со цел да се реши проблемот со одлагањето на отпад на дивите одлагалишта.

Можеби ќе ви се допадне