Еве ги пајките, за да не се грижат порталите

По објавата на некои портали дека Комуналец не се грижи за пајките во паркот кај Основниот суд, и дека тие подолго време ги нема, еве ги пајките низ попладневни фотографии по ладовината.

За да не се мачат порталите, да ги информираме дека истите на овие неподносливи температури се кријат и бараат ладовина. Почесто се во куќарката во еден ќош во нивни дупки, а почесто се движат до блискиот комшилук во дебелите сенки, а некогаш и ние не знаеме каде се, па ќе се појават. И нам ни прават вакви стресови, па почесто ги бараме како мали загинати дечиња..

Ги замолуваме и опозициските и позициските портали да ни помогнат во работењето со добра критика, а не да се занимаваат со коњи, пајки, птици, и помор на риби кој не се случил.

Комуналец е претешка фирма со многу дејности, и сета убавина во градов Ви ја овозможуваат комуналците РАБОТНИЦИТЕ. Сето уживање, прошетки, седенки, чистота, ладовина, косена и полевана трева,цвеќе, кастрено зеленило, комунална инфраструктура, навремено подигнат отпад, исчистени диви депонии, одржани спортски терени на Могилата и во типската населба,,утринско метени, разладени и миени улици го овозможуваат комуналците. Решени дневно барања од граѓани во најкраток можен рок. Комуналец, бил и ќе биде швајцарски сат, зашто секогаш имало ред, дисциплина и вредни пожртвувани работници.

Како не се запрашавте дали се работи на 39 степени, и зошто никој не вели и да падне работата во некои делови, да гледаме да го заштитиме здравјето на работникот. Дневно има милион мали повици за извршување на работа, а дали некој се запрашал дека на 39 спепени целзиусови, некој може да липса.

Ред е порталите едни ( позициони, други ( опозоциони) и оние кои навистина си бркаат новинарство, да се запрашаат, од каде ни ПАРИ за сето ова, наместо да се прашуваат каде се пајките. Можеби навистина ќе ни помогнат.

Можеби ќе ви се допадне