Реакција на одржаниот прес од ОК на ВМРО ДПМНЕ

За настанувањето на пожарот на депонијата во Алинци, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, ја извести јавноста уште истиот ден. За причините, гаснењето, санирањето од последиците, и сите превземени активности околу пожарот, на последната седница на Совет на Општина Прилеп, беа запознати и советниците.

Како што и предходно информиравме, непознати сторители подметнаа пожар на депонијата Алинци. Пламенот кој се закануваше да ја зафати целата депонија уште истата вечер е ставен под целосна контрола.

Во гаснењето на пожарот учествуваа вработени во Комуналец, со сета своја расположлива механизација и Третироријалната противпожарна единица. Со крајна пожртвуваност на вработените и пожарникарите е спречена катастрофа од поголеми размери. Вакви пожари во одредени ситуации настанати и со самозапалување ни се случувале и порано.

Заради можноста од повторно запалување од ветровите кои постојано дуваат околу депонијата, дежурна екипа од Комуналец, со две цистерни и градежни машини и во моментов се на терен, и ги санира оштетувањата на депонијата.

Со цел заштита на животната средина,„Комуналец“ посветува особено внимание во правилно третирање на отпадот: собирање, селектирање и депонирање.

Депонираниот отпад на депонијата Алинци се покрива со земја.

Во насока на спречување на појава на пожари, подобра заштитата на животната средина, а пред се заштита на здравјето на жителите на Општина Прилеп, апелираме за поголема граѓанска свест и одговорност до сите чинители во општинава.

Можеби ќе ви се допадне