Исчистена уште една дива депонија во населбата Точила

Според планот за работа на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во делот на мапирање и чистење на диви депонии, комуналците исчистија уште една дива депонија позади СОУ„Ристе Ристески – Ричко“ во населбата Точила.

Несовесни граѓани им го затрупале дури и пристапот до нивите на сопствениците. По реакцијата на граѓаните „Комуналец“ излезе во пресрет, со цел да можат сопствениците да започнат со обработување на нивите, а воедно беше и проширен колскиот пат, кој несовесните граѓани го затрупале со наразноразен отпад.

Можеби ќе ви се допадне