Работилници во Прилеп за бездомни кучиња со познати светски предавачи

Во соработка со RSPCA (Кралско здружение за заштита на животните од суровост) од Англија и АХВ (Агенцијата за храна и ветеринарство), експертот г-дин Брајан Фолкнер e во посета на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп и Прифатилиштето за бездомни кучиња.

Гостинот оствари средба со в.д. директорот Ирена Станковска, на која средба Фолкнер, изрази благодарност за организацијата и пофалби во однос на пристапот и згрижувањето на бездомните кучиња во Прилеп. Тој истакна дека Прилеп е еден од ретките градови каде има организирано уредно прифатлиште, согласно стандардите за изградба на објекти од ваков карактер, а стави акцент на стручноста на квалификуваниот кадар кој работи во Прифатилиштето.

Во рамките на посетата планирани се три работилници на теми:

– практично заловување на куче и неговиот пат во прифатилиштето: чипирање, земање на крв за тест Лајшманија, дехелминтизацијa, кастрација/стерилизација, вакцинација и обележување со ушна маркица,

– предавање и дебатирање со претставници од повеќе градови: Штип, Демир Хисар, Гостивар, Кичево, Велес, Охрид и Куманово

– презентација и обука за правилно заловување на куче со најнова, модерна и паметна опрема која што Прифатилиштето ја набави овај месец.

Трите дена ќе се дебатира, дискутира, со предлози и заклучоци, во интерес на решавањето на проблемот со бездомни кучиња.

Можеби ќе ви се допадне