Се чисти дивата депонија позади Могилата

Иако оваа дива депонија беше исчистена со минатогодишната акција, од денеска комуналците повторни ја чистат. Ќе се чисти и колскиот пат покрај стадионот и аква паркот, по кој се издигнуваат купишта ѓубре.

Иако оваа дива депонија редовно се чисти и се најдува на атрактивно локација до Паркот на револуцијата, несовесните граѓани не го поштедуваат и ова место за исфрлање на отпад. Со тоа ја нагрдуваат животната средина за домор и прошетки на граѓаните, но го загрозуваат и функционирањето на околните викенд куќи и ниви.

Можеби ќе ви се допадне