СООПШТЕНИЕ !

ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, ги информира и замолува граѓаните кои имаат неплатен долг од  6 и повеќе сметки  кон Комуналец , да се јават во седиштето на  ул,, Александар Македонски,, бр  302, ( стара цвеќара) , со цел да склучат Договор за отпалата на нивниот долг.

Од  20. 05. 2019 год. Комуналец ќе врши утужување на секој заостанат долг, а со тоа врз товар на граѓаните ќе паднат и сите други трошоци поврзани со поднесувањето на тужбата за неплатениот  долг.

За информации граѓаните да се  јавуваат на тел: 048/428-992

Со овој повик и молба, Комуналец , уште еднаш  им излегува во пресрет на граѓаните и ги потсетува  на нивните обврски за да не дојде до  дополнителни  судски трошоци кои можат  да ги одбегнат со склучување на Договор за отплата на долгот кон Јавното претпријатие.

 

Со почит,

Лилјана П. Силјаноска

пом. на директорот за односи со јавност

071/340-213

Можеби ќе ви се допадне