По врнежите, Комуналец ги продолжува активностите за кастрење на дрвјата

Со убавото време, Комуналец продолжува со кастрење на дрвјата. По кастрењето на нискостеблестите дрвја и грмушки на Паркот на револуцијата, се продож и со кастрење на дрвјата по дрворедите. Еден од позачуваните дрвореди е на булеварот „Гоце Делчев“ од Основниот Суд до Железничката станица. На овој дел се применува високо кастрење на дрворедите од едната страна, со цел да се отвори видикот на булеварот, а од кај тротоарскиот дел се остава крошната со цел да служи за сенка на миниувачите.

Со ова пролетно кастрење, покрај продолжувањето на животниот век, ќе се добие и естетски изглед на крошната од дрвјата. Дрворедите претежно се покрај површини со асфалт каде има недостиг на влага, што е еден од условите секоја година од јавното претпријатие да пристапуваат кон естетско сечење на гранките од дрвјата.

Оваа активност, комуналците ја извршуваат два пати годишно во пролет и есен, и е една од потешките операции за работа, зашто бара внимателност при сечењето, но и поголема прегледност во работата, заради околните згради, куќи и дуќани, но и фреквенцијата од луѓе и возила.

Со оглед на вегетацијата, парковските дрвја се планирани да се кастрат наесен, освен мал број парковски дрвја на кој ќе се изврши кроење, по забележан ризик на истите од техничката оператива на Комуналец.

Можеби ќе ви се допадне