Комуналец низ населбите, со акција за миење на пофреквентните улици

Покрај останатите обемни ангажмани дел од вработените во Комуналец од денес започнаа пролетно миење на улиците и по населбите низ градот. Акцијата која во наредните денови ќе продолжи и во останатите населби, денес започна од улиците Борка Талески на Рид и Мице Козар од кракот кај населбата Тризла.

Од Јавното комунално претпријатие Комуналец денес информираат дека по пролетните дождови и по завршување на активностите за миење на тротоарите на главните улици, главно во централното градско подрачје, се продолжува со активности за миење на улиците по градските населби.

Според подготвениот план за работа, ќе се работи и на други улици во останатите градски населби, а граѓаните ќе бидат дневно информирани за да не ги оставаат своите автомобили на улиците каде ќе се врши миење, со цел да се овозможи непречено нивно чистење од остатоците од песок и прашина.

 

Можеби ќе ви се допадне