Комуналец ги оспособува бунарите, шахтите и водоводната мрежа

Како потврда на секојдневните повеќе ангажмани, а во функција на подготовки за проолетното и летно одржување на парковските површини, Комуналец е работно ангажиран и за обнова на шахтите и мрежата за обезбедување на технолошка вода за наводнување на парковите.

Моментално се работи на реконструкција на водоводната мрежа на паркот наспроти хотел Липа и паркот кај Судот. По активностите паркот ќе биде доведен во првобитна состојба со засејување на трева и редење на бекатон плочки и ивичници.

Планирано е да се оспособат и пуштат во работа бунарот за технолошка вода во населбата Бончејца и на „5та Прилепска“, а останатите ќе бидат проверени и оспособени со цел наредниот период непречено да се наводнуваат сите паркови низ градот за кои се користи технолошка вода.

Можеби ќе ви се допадне