Не помагаат апелите од комуналците, граѓаните зимава ги затрупаа населбите со отпад

Фотографиите говорат и го отсликуваат нашиот сон за ЕУ.

Неделава ЈКП„Комуналец“- Прилеп, ќе прави генаралка во насебата Тризла. Лоцирани над 100 тина помали диви депонии. Купишта ѓубре и расфралан отпад се забележува дури и пред портите од куќите. Иронијата да биде поголема, купишта отпад и градежен шут се исфрлаат и до самиот влез во градинката Тризла, таму каде што ги згрижуваме нашите деца. Не помагаат ниту апелите до граѓаните, кои се упатуваат години наназад, дека целиот отпад од домаќинставата го подига Комуналец, без разлика за колкави количини станува збор.

И покрај тоа што во 2018 година комплетно беше исчистен Дабничкиот канал, со помош на тешка градежна механизација, денес каналот изгледа разочарувачки. Иста е состојбата и со дивата депонија над касарните, на крајот од улицата Ердоган Шабаноски, која беше исчистена пред зимата.

На потег се повторно Комуналците, да исчистат и овозможат чиста животна средина. Што правиме ние граѓаните? Ние сонуваме за ЕУ, сонуваме за зелена чиста и уредена животна средина. Сонот ни се прекинува кога ќе ни речат дека ѓубрето пред портите е наше. После сонот, стануваме и само критикуваме. И така, со години!

Можеби ќе ви се допадне