Од 22 јануари ќе се врши дневно миење на улиците, тротоарите и плоштадите

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, од 22 јануари ќе врши дневно миење на улиците, тротоарите и плоштадите. Се замолуваме граѓаните, да имаат разбирање и трпение спрема движењето на цистерните, механизацијата и работниците, да ги отстрануваат паркираните возила од улиците и тротоарите каде што ќе се работи, со цел непречено да се одвива оперативата.

Со оглед на ниските температури „Комуналец’, не беше во можност да извршува одредени операции од дневниот оперативен план, а со тоа се наталожија и поголеми количини од кал, остатоци од зимското одржување на улиците и различни отпадни материјали.

Доколку потраат времеснките услови, градот ќе биде исчистен и измиен за десетина дена, за што се бара соработака и разбирање од жителите на општинава.

За сите иннформации, пријави и потреби , граѓаните можат да се јавуваат на тел: 428-992

Можеби ќе ви се допадне